Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски, обезбеди место во финалето на плеј-офот во Израел.
Макаби Ришон славеше во мајсторката против градскиот ривал Хапоел Ришон (Прибак, Матиќ, Астрашапкин) со 35-33.
Македонскиот чувар на мрежата имаше свој придонес и со девет одбранети удари на противниците учествуваше во големата победа.
Сега Чаневски и Макаби Ришон Ле Зион ги очекува голем предизвик во финалната серија против Рамат Хашарон.