Чаневски е херој на Макаби Ришон – продолжува битката за титула во Израел!

Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде брани македонскиот голман Градимир Чаневски, израмни на 1-1 во финалната серија од израелскиот шампионат.

Херој на Макаби Ришон е токму нашиот чувар на мрежата, кој одбрани клучен пенал за победа со 44-43 по продолженија и удари од седум метри.

Регуларниот дел од натпреварот заврши 30-30, по продолженијата беше 34-34, па мораше да има пенали.

Сите погодуваа паралелно, се до десеттата серија, кога Чаневски го одбрани последниот пенал на гостите за триумф и 1-1 во победи.

Во серијата до три победи, следните натпревари се закажани за 8 и 11 мај.