Чаневски блесна и му донесе бод на Макаби Ришон!

Најдобриот голман во Израел за минатата сезона, Градимир Чаневски, ја продолжи одличната форма и оваа сезона.

Неговиот тим Макаби Ришон Ле Зион и по седум кола нема доживеано пораз, а иако на последниот меч беше блиску до прв пораз, но Чаневски не го дозволи тоа.

На гостувањето кај Хапоел Холон, Макаби Ришон губеше со четири гола на десетина минути до крајот, 30-26, но потоа Чаневски запре два напади на домашните, при резултат 34-33 уште два и Карачиќ се избори за пенал, што беше реализиран за реми и бод на незгодното гостување.

Македонскиот голман средбата ја заврши со 13 одбрани од 32 упатени шута кон неговиот гол.

Макаби Ришон Ле Зион останува на врвот со 13 бода исто колку и Рамат Хашарон, а во следното коло ќе игра против оваа екипа.