Чакалиќ и Тотиќ диригираа, „дробилицата“ и даде 40 гола на Јехона

Тимот на Македонија Ѓорче Петров славеше против Јехона со убедливи 11 голови разлика 40-29 во натпревар од 18 коло во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Оливер Димитриоски уште по првиот дел ја најавија победата кога беше 18-13, а комплетно доминираа и во второто полувреме.

Предводници во убедливата победа беа Бојан Чакалиќ и Михаел Тотиќ со по осум погодоци, а кај Јехона се истакна искусниот Адис Салиу со 11 гола.

Македонија Ѓорче Петров сега има 20 бодови и се наоѓа на петтото место, додека тимот од Гостивар е седми со 16 бода.