Чаир во турбо-ритам пред Европа – ќе го игра четвртиот меч во шест дена!

Единствениот европски претставник од Македонија вo женска конкуренција, Чаир, игра во турбо-ритам пред двомечот од Европскиот Куп.

Чаир денеска ќе го пречека составот на Астибо од Штип, во натпреварот од 10 коло во Женската лига, што е закажано за следниот викенд, но тогаш избраничките на Басри Љатифи ќе имаат европски обврски, па затоа се игра порано.

Ова е четврти натпревар за Чаир во шест дена, ако се знае дека мечот со Скопје од 9 коло се играше во четвртокот, а за време на викендот одигра два дуели од Купот на Македонија против Ѓорче Петров 2 и Куманово.

И покрај напорното темпо, Чаир е фаворит против Астибо, а овој меч ќе послужи за добра подготовка за двомечот од третото коло во Европскиот Куп против португалскиот Колехио Де Гаиа.

Натпреварит меѓу Чаир и Колехио Де Гаиа се играат в сабота и недела во Автокоманда со почеток од 16:00 часот.