Екипата на Чаир, која и понатаму остана единствен претставник од Македонија во Европа, во вторник ќе биде дел од ждрепката за осминафинале во Европскиот Куп.
Чаир ќе биде дел од првиот шешир поради високиот рејтинг пред стартот на сезоната, а познати се можните ривали по комплетирањето на натпреварите од третото коло.
Би било убаво во ждрепката да бидат избегнати шпанскиот Порињо, како и двете исландски екипи, пред се поради далечното патување на островот.
Убава шанса би имал Чаир за уште поголем историски успех ако добие некоја од грчките екипи, а сигурно нема да бидат незадоволни ако играат и против Хазена Кинжварт.
Полскиот Гњиезно и чешката Славија Прага, би ги ставиле „некаде измеѓу“ на листата на желбите за ривал во осминафиналето.
Чаир во третото коло со две победи ја мина португалската екипа Колехио Де Гаиа, додека во второто коло беше подобар исто така со две победи од Керженг од Луксембург.
Ждрепката ќе се одржи утре во Виена од 11:00 часот.
Европски Куп, осминафинале:
шешир 1:
Малага (Шпанија)
Јувента Михаловце (Словачка)
Ацгерсдорф (Австрија)
Мадеира (Португалија)
Ваљадолид (Шпанија)
Чаир (Македонија)
Унирек (Холандија)
Галичанка (Украина)
шешир 2:
Кинжварт (Чешка)
Славија Прага (Чешка)
Хаукар (Исланд)
Валур (Исланд)
Јонијас (Грција)
ПАОК Солун (Грција)
Гњиезно (Полска)
Порињо (Шпанија)