Екипата на Чаир во натпревар од 7. коло од Женската лига сосема очекувано славеше против вториот тим на Ѓорче Петров, триумфираше со 15 гола разлика, 45:30.
Младиот тим на Милева Велкова парираше на моменти, но како што се доближуваше крајот на првиот дел, така домаќинките го засилуваа ритамот.
По 30 минути игра, предноста на Чаир беше 23:18, а во вториот дел составот на Басри Љатифи немаше проблеми, одработи рутински и дојде до петти триумф.
Најефикасна во победничката екипа беше Стефанија Ѓорѓиевска со десет погодоци, седум додаде Теодора Дукоска, шест запиша Бојана Диневска.
Во поразениот табор како најдобра се истакна Кристина Наумовска, запиша пет погодоци, а ја следеше Ангела Цветановски со гол помалку.