Чаир се засили со Марија Николовска

Амбициозниот Чаир го промовираше четвртото засилување за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.

По голманката Ема Кирова, левото крило Мила Трајковиќ и левиот бек Изабела Фереира, Чаир ја врати во своите редови Марија Николовска.

Николовска е ол-раунд бек, ги покрива сите позиции, а за неа ова ќе биде камбек во составот на Чаир каде играше три сезони.

Покрај Чаир, на домашна сцена настапуваше за Спартак, Вардар и Ѓорче Петров, а минатата сезона играше за косовската Самадреџа и грчкиот АЕК Атина.