Тимот на Чаир го промовираше второто засилување пред стартот на новата сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
По Габриела Величковска, ново име во Чаир е Анастасија Митова, која има 19 години и доаѓа од тимот на Спартак.
Митова, која беше меѓу најдобрите стрелци во редовите на Спартак, претходно настапуваше и за Шампион.
„Ни претставува чест и задоволство што нашиот тим го пополнува својот ростер со млади играчи, играчи кои сакаат да тренираат, да напредуваат, и чекор по чекор да достигнуваат високи резултати во нивната кариера“, напишаа од Чаир.
Чаир покрај на домашната сцена ќе биде активен и на меѓународна и ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп против тимот на Керженг од Луксембург.
Од Чаир заминаа капитенот Леонора Рахмани, која се пресели во Кур од Азербејџан, како и Јасмина Попова, која потпиша за Вардар.