Чаир се пофали со потписот на Мила Трајковиќ

Екипата на Чаир го промовираше првото засилување за новата сезона и објави за соработката со Мила Трајковиќ.

Левото крило Трајковиќ паузираше во пролетниот дел од сезоната, а претходно беше дел од матичниот клуб Куманово.

Своевремено покрај за матичниот клуб, Трајковиќ настапуваше и за составите на Металург и Металург Автокоманда.

Покрај на левата крилна позиција, Трајковиќ одлично се снаоѓа и на позицијата организатор на играта.

Чаир на крајот на сезоната остана без Стефанија Ѓорѓиевска, но веднаш најде замена за една од најефикасните ракометарки.