Тимот на Чаир го засилува ростерот за продолжението на сезоната во Супер женската лига и борбата за титулата.
Како што објави 24Ракомет, нова ракометарка на Чаир е кружниот напаѓач Александра Коловска, која доаѓа од Металург Автокоманда.
Некогашната членка на Вардар, Металург и словачкиот тим Јувента Михаловце, ќе биде одлично засилување во двата правци.
Покрај Коловска, Чаир се засили со 29-годишна ракометарка од Аргентина, Елизабет Ван Акер, кој доаѓа од шпанскиот Бенидорм и игра на левата бековска позиција.
Пикерот од Парагвај, Сабрина Фиоре, која настапи на Мундијалот не е повеќе дел од Чаир, но клубот со ангажманот на Ван Акер ќе го задржи јужноамериканскиот шмек.
Поради финансискиот колапс на Металург Автокоманда, јасно е дека шампионот Ѓорче Петров и Чаир остануваат кандидати за титулата.
























