Чаир се пофали со бразилски бек

Тимот на Чаир го ангажираше третото засилување за претстојната сезона во која влегува со големи амбиции.

По левото крило Мила Трајковиќ и голманката Ема Кирова, Чаир се пофали со потписот на левиот бек Изабела Фереира.

Станува збор за 26-годишна бразилска интернационалка која доаѓа од составот на Алавариум од Португалија.

Претходно Фереира има настапувано за Сорокаба од татковината, како и за Сао Педро од Португалија.

Чаир ќе биде дел од ЕХФ Европскиот Куп наредната сезона.