Составот на Чаир има големи амбиции оваа сезона на домашната сцена и не запира со засилувањата на играчкиот ростер за пролетниот дел од сезоната во Супер женската лига.
Најновото име во тимот на Басри Љатифи е кружниот напаѓач Ана Георгиевска, а кадетската и младинска репрезентативка доаѓа од тимот на Металург Автокоманда.
Чаирчанки минатата недела ги промовираа кружниот напаѓач Александра Коловска и левиот бек Елизабет Ван Акер, потпиша и левото крило Сара Миновска, а се очекува наскоро промоција и на десниот бек од Тунис, Саида Реџеп.
Ѓорче Петров е прв со 23 бода, додека Чаир има 22 на второто место на табелата, што е најава за големи возбудувања напролет.
























