Ракометарките на Чаир се првите учеснички на завршниот турнир во Купот на Македонија што ќе се игра од 17 до 19 април во Струмица.
Избраничките на Басри Љатифи славеа на гостувањето кај Овче Поле СУ со 31-21 и одработија рутински против прволигашот.
По првото полувреме, чаирчанки водеа со 16-10 и практично го решија победникот, а вториот дел беше само формалност.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Билјана Дамчевска со осум и Габриела Величковска со шест погодоци, додека во тимот од Свети Николе се истакнаа Анастасија Сентовска со осум и Елена Вучевска со шест гола.

























