Чаир останува без „срцето на тимот“ – Рахмани се сели во Азербејџан!

Тимот на Чаир во претстојната сезона ќе мора да игра без досегашниот капитен Леонора Рахмани.

Средниот бек одново ќе се проба на интернационална сцена и ќе игра во првенството на Азербејџан, откако своевремено играше и за косовскиот Истогу.

Рахмани долги години беше капитен и лидер на теренот на Чаир, па тренерот Басри Љатифи ќе мора да најде соодветна замена.

Чаир остана и без десниот бек Јасмина Попова, која се пресели во Вардар, а досега е потврдено доаѓањето на искусната Габриела Величковска.