Единствениот женски претставник од Македонија во третата рунда од европските купови го дозна својот ривал.
Екипата на Чаир, која беше влечена од првиот шешир ќе се соочи со португалската екипа Колехио Де Гаиа во битката за место во осминафиналето на Европскиот Куп
Првиот натпревар ракометарките на Чаир ќе го играат на 9/10 ноември на гостински терен, додека реваншот ќе биде една недела подоцна во Скопје.
Во претходното коло тимот на Колехио Де Гаиа го елиминира составот на Самадреџа од Косово со две победи на домашен терен.
Ако Чаир успее да го мине овој ривал ќе го направи најголемиот клупски успех и ќе се пласира во осминафиналето на Европскиот Куп.