Ракометарките на Чаир запишаа очекувано висока победа на гостувањето кај Спартак со 40-16 во натпреварот од 11 коло во Супер машката лига.
Тренерот Басри Љатифи ја распореди минутажата кај сите ракометарки, а во листата на стрелци не се запишаа само голманките Катарина Митровиќ и Ема Кирова.
Нерешено беше само на стартот до 2-2, а потоа се беше во знакот на гостинките, кои до паузата имаа плус 15, 23-8.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Фереира со девет гола, а Рона Мифтари постигна осум. Кај Спартак, шест пати погоди Андовска.
Во следното коло Чаир ќе игра дома со Астибо, а Спартак ќе гостува кај Куманово.

























