Чаир и со десет играчи беше пресилен за Стружанка

Ракометарките на Чаир продолжуваат со победничката низа од стартот на сезоната и ја запишаа шестата победа во Женската лига.

Избраничките на Басри Љатифи славеа на гостувањето кај Стружанка со убедливи 46-20, иако во ростерот имаа само десет ракометарки.

Шанса добија сите што беа во ростерот, а најдобар стрелец беше Стефанија Ѓорѓиевска, која погоди 12 пати, 11 гола постигна Михаела Ангеловска, а десет пати стрелаше Биљана Дамчевска.

Победникот беше познат уште по првото полувреме кога гостинките успеаја да постигнат 23 гола, а да примат само девет.

Вториот дел беше само формалност и се чекаше конечниот резултат. Во домашниот состав се истакна Маја Раткушиноска со осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР880016
2АСТИБО850310
3СКОПЈЕ84139
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82155
5СТРУЖАНКА80080