Чаир го „штиклира“ Вардар

По лесниот триумф на гости кај Пелистер, амбициозниот Чаир запиша втор триумф во Супер женската лига.

Избраничките на Басри Љатифи славеа над Вардар со убедливи 26-18, а водеа во текот на целиот меч.

Вардар одржуваа мала рамнотежа во првите дваесетина минути, кога беше 10-9, но потоа домаќинот се одлепи и на пауза замина со 16-9.

Во вториот дел само рутински беше доработена задачата за нови бодови пред ЕХФ неделата и европските обврски.