Екипата на Чаир славеше во првото коло во Супер Женската лига на гостински терен кај Пелистер со 31-17.
Победникот беше познат уште по првото полувреме кога избраничките на Басри Љатифи имаа плус десет, 16-6.
Во вториот дел гостинскиот тим само формално ја одработи задачата и не дозволи никаков камбек на битолчанки.
Билјана Дамчевска беше предводничка на Чаир со 12 голови, додека Даниела Шиниковска стрелаше четири пати кај Пелистер.
Во следното коло, Пелистер ќе има уште една тешка задача против шампионот Ѓорче Петров, додека Чаир ќе го пречека Вардар.