Чаир е се посилен – доаѓа десен бек од Тунис!

Составот на Чаир има големи амбиции оваа сезона на домашната сцена и не запира со засилувањата на играчкиот ростер за пролетниот дел од сезоната во Супер женската лига.

Најновото име во тимот на Басри Љатифи е десниот бек на туниската репрезентација, Саида Реџеп, која доаѓа од италијанскиот Терамо.

Чаирчанки минатата недела ги промовираа кружните напаѓачи Ана Георгиевска и Александра Коловска, како и левиот бек Елизабет Ван Акер, а потпиша и левото крило Сара Миновска.

Ѓорче Петров е прв со 23 бода, додека Чаир има 22 на второто место на табелата, што е најава за големи возбудувања напролет.