Чаир е носител, а Металург Автокоманда тргнува од втор шешир во Европскиот Куп

Европската ракометна федерација ги објави екипите што се пријавија за третото по ранг европско клупско натпреварување во женска конкуренција – Европскиот Куп.

Меѓу пријавените 64 екипи има и две од Македонија – вицепрвакот Чаир и третопласираниот состав на Металург Автокоманда.

Чаир е рангиран на високата шеста позиција во ранкингот, додека Металург Автокоманда како дебитант на европска сцена се најде на 33 место.

Чаирчанки од првиот шешир ќе ја чекаат ждрепката за второто коло, додека тимот од Автокоманда ќе биде во вториот шешир.

Во овој Куп двете екипи од Македонија би можеле да играат една против друга ако така посака фортуната. Ждрепката е планирана на 16 јули од 11:00 часот.

Можните противници на Чаир и Металург Автокоманда може да ги видите во продолжение, а натпреварите од втората рунда ќе се играат на 5/6 октомври, односно 12/13 октомври.