Бутел Скопје заврши со тестовите пред важните битки за плеј-оф

Ракометарите на Бутел Скопје во соседна Србија ја имаа последната проверка пред стартот на пролетниот дел од суперлигашкото друштво.

Бутел Скопје тестираше со тимот на Врање и на крајот домаќинот ја однесе победата со 37:29, а на полувреме резултатот беше 18:16.

Тренерот Горан Кузманоски го искористи овој меч да им даде шанса на сите ракометари што ги има на располагање.

Претходно Бутел Скопје го освои трофејот на турнирот во Сараево, каде запиша четири победи на четири натпревари во три дена.

Скопскиот тим е на чекор до пласман во плеј-оф фазата, првиот дел од сезоната го заврши на петтата позиција со 16 бода.

Прв предизвик за составот на Кузманоски во пролетниот дел од суперлигашкото друштво ќе биде составот на Прилеп.