Ракометарите на Бутел Скопје вчера отпатуваа за Луксембург каде што ги чека првиот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп.
Најпрво со авион од Скопје до Франкфурт, а потоа со автобус до крајната дестинација, бутелци пристигнаа во Дуделанж.
Денеска беше одработен единствениот тренинг во салата каде што ќе се игра натпреварот, а тој е закажан од 18:00 часот.
Домаќинот не планира ТВ пренос од овој натпревар. Реваншот од двомечот меѓу Бутел Скопје и Дуделанж е на програмата на 13 септември од 18:00 часот.