Бутел со „три од три“ на подготовките – спремен е за старт на Супер лигата

По победите над Кастриоти и Пролет, тимот на Бутел Скопје запиша уште една победа на пријателските натпревари.

Момците на Горан Кузманоски славеа против српскиот тим Железничар Ниш со убедливи 43-36 на гостински терен.

На полувремето, македонскиот состав кој е на чекор до плеј-офот во Супер лигата, водеше со убедливи 25-14.

Бутел Скопје ги завршува подготовките со три победи на три меча и сега го очекува продолжението од Супер лигата и мечот против Струга на гостински терен.