Ракометарите на Бутел Скопје по два меча без победа против Пролет и „сино-белите“ од Автокоманда, ја совладаа екипата на Струга со 30-27.
Гостинските ракометари одржуваа рамнотежа во првото полувреме и имаа егал, но во клучните моменти во второто полувреме домаќините подобри и направија залиха што рутински ја одржуваа до самиот финиш.
На полувремето беше 15-15, но одбраната на бутелци беше подобра во вториот дел и тука беше решен победникот.
Најдобри стрелци кај победникот беа Николов со десет гола и Спасовски со шест реализации, а голманите Стојаноски и Трајкоски комбинираа десет одбрани. Во составот на Струга, Костов имаше 12 гола, а голманот Ѓурѓевиќ 18 одбрани, но сето тоа беше премалку за да се надеваат на позитивен резултат на овој дуел.