Бутел Скопје со висока победа на првата меѓународна контрола

Ракометарите на Бутел Скопје триумфираа на првиот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.

Избраниците на Горан Кузманоски прославија победа кај косовскиот тим Кастриоти на Владимир Глигоров со 37-31.

По првиот дел македонскиот суперлигаш водеше со осум голови разлика, 18-10, а тренерот Кузманоски им даде шанса и на дел од младинците.

Бутел Скопје ќе одигра уште две пријателски средби пред првиот меч од пролетниот дел – против Пролет и против Железничар Ниш.