Тимот на Бутел Скопје денеска соопшти дека се раздели со двајца ракометари од актуелниот состав.
Станува збор за Петар Цветковски и Стефан Јовевски, со кои договорите се раскинати со взаемна согласност.
Средниот бек и кружниот напаѓач беа дел од младинските категории на клубот, а потоа и од сениорската екипа.
Бутел Скопје е на добар пат да обезбеди место во плеј-офот оваа сезона и се наоѓа на петтото место на табелата во Супер лигата.