Бутел Скопје ќе има тестови против Марибор, Босна, Рудар…

Тимот на Бутел Скопје ќе има настап на силен меѓународен турнир како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.

Бутел Скопје ќе биде дел од меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево што ќе се игра од 17 до 19 јануари во главниот град на БиХ.

Избраниците на Горан Кузманоски ќе бидат дел од групата А и ќе играат против домаќинот Босна Сараево, словенечкиот Марибор Браник и црногорскиот Рудар Пљевља.

Во групата Б ќе бидат турскиот Депсас, црногорскиот Ловќен, босанската Вогошча и хрватскиот Дубровник.

Бутел Скопје е на добар пат да обезбеди место во плеј-офот, откако се наоѓа на петтото место на табелата во Супер лигата на шест кола до крајот на регуларниот дел од сезоната.