Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп и Лигата на Европа во машка и женска конкуренција.
Тимот на Бутел Скопје за ривал во првото коло го доби Дуделанж од Луксембург и против овој клуб ќе бие битка за место во втората рунда.
Првиот натпревар Бутел Скопје ќе го игра на гостински терен, додека реваншот ќе биде во Скопје.
Првите натпревари од второто коло се закажани за 6/7 септември, додека вторите дуели ќе се одиграат на 13/14 октомври.
Доколку го мине првиот ривал, Бутел Скопје во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп ќе игра против косовскиот тим Раховец.
Покрај Бутел Скопје, македонски претставници во ЕХФ Европскиот Куп се Охрид и Тиквеш.