Бутел Скопје има „меч-топка“ за прогрес во Европа

Тимот на Бутел Скопје денеска го игра реванш натпреварот од двомечот против Дуделанж во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Избраниците на Горан Кузманоски славеа на првата пресметка на гостински терен со 31-27 во Луксембург.

Предноста гарантира помирен реванш, но бутелци мора да почнат како да е 0-0 и да бркаат нов триумф и нови евро бодови за македонскиот ракомет.

Во составот на Бутел Скопје ќе се вратат Димитар Ѓеоргиевски и Рио Козакаи, додека ќе биде отсутен повредениот Давид Гришикашвили.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Дуделанж ќе се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Бутел пред портите на второто коло – слободен влез за дуелот со Дуделанж

Кузманоски: Мора да бидеме претпазливи, но се надевам на уште еден позитивен резултат