Бутел Скопје оваа зима по Мице Шилегов го пополни ростерот со уште две засилувања на кои ќе смета тренерот Горан Кузманоски за претстојните предизвици.
Покрај искусниот Шилегов, во Бутел Скопје ќе играат и младинскиот репрезентативец Христијан Ѓурмешевиќ и пивотот Матеј Марковски.
Ѓурмешевиќ досега настапуваше во дресот на „витамините“ од Автокоманда, додека Марковски доаѓа од Аеродром.
Бутел Скопје е на чекор до пласман во разигрувањето за титулата, а прв предизвик во пролетниот дел од сезоната ќе биде гостувањето кај Струга.
Од клубот заминаа Филип Николов, како и двајцата интернационалци – левите бекови Рио Козакаи и Давид Гришикашвили, па сега Бутел Скопје ќе има состав само од македонски ракометари.







