Бутел Скопје го надигра Прилеп

Ракометарите на Бутел Скопје во натпревар од 6. коло од Супер лигата запишаа два важни бода, откако на свој терен славеа над незгодниот Прилеп со 25:18. Голем хендикеп за Прилеп беше отсуството на Владан Кастратовиќ и Никола Јеремиќ. Денешниот натпревар беше исполнет со многу пресврти, изедначувања, голема борба, но и атрактивни одбрани на голманите.

Иако домаќините отворија според посакуваното, поведоа со 2:0, гостите од Прилеп до крајот на првото полувреме имаа контрола на резултат. Во 15 минута предноста на избраниците на Божидар Мојсов беше 7:5, a голема заслуга за овие ,,плус два” имаше младиот голман Михаил Ангелески, кој на домашниот тим во првите 30 минути им одбрани три седмерци. Црвен картон во 16 минута заработи членот на Бутел, Филип Николов, поради удар во лицето на голманот Ангелески.

Бутел во еден момент имаше двајца исклучени ракометари, но Прилеп не ја искористи дадената ситуација за плус три, па така составот на Кузманоски намали на 6:7 во 20 минута, а минута подоцна имаше шанса за камбек, но Ангелески му одбрани пенал на Димитар Узунчев. Домашниот тим се консолидира во последните осум минути и направи целосен пресврт.

Прилеп во периодот од 20, па до крајот на полувремето беше без реализација. По предноста на гостинскиот табор од 8:6, домаќините направија серија од 5:0 и на полувреме заминаа на пауза со плус три, 11:8.

Гостите за две-три минути игра во вториот дел стигнаа до 11:11, но домаќините возвратија со иста мера, со три гола во низа се одлепија на максималната разлика од првиот дел, поведоа со 14:11 во 35 минута. Гостинскиот тим откако заостануваше на 1-2 гола, израмни на 16:16 во 45 минута и тука целосно застана, бидејќи до крајот постигна само два, а прими дури шест гола.

Најефикасни во домашниот табор беа Дејан Михајловиќ и екс членот на Прилеп, Христијан Милошески, двајцата постигнаа по четири погодоци. Во моментите кога Бутел фаќаше залет кон победа, одличен на голот беше Бојан Блажески.

Во поразениот табор Томислав Квастек и Божидар Илиески со по пет погодоци беа предводници во листата на стрелци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ОХРИД660012
2АЛКАЛОИД550010
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР650110
4ВАРДАР 1961650110
5БУТЕЛ63036
6ТИКВЕШ 201462135
7ПРИЛЕП62135
8КУМАНОВО62044
9ПРОЛЕТ61234
10СТРУГА51042
11БИСИНОВ Ф. Л.61052
12РАДОВИШ60060