Бутел Скопје го комплетираше ростерот – потпиша и Христијан Милошески

Тимот на Бутел Скопје го комплетираше ростерот за претстојната сезона со ангажманот на уште еден лев бек.

Во клубот доаѓа левиот бек Христијан Милошески, кој и пред три сезони го носеше дресот на бутелци.

Милошески доаѓа од составот на Голден Арт, а претходно ги бранеше боите на Прилеп, Работнички и Вардар Јуниор.

„Ми претставува чест што повторно ќе бидам дел од тимот на Бутел и како играч ќе го вложам цел мој капацитет како и секогаш досега. Верувам дека нашата екипа, на чело со тренерот и управувачкиот тим, оваа сезона ќе постигне голем успех“, вели Милошески.

Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски и Тодор Узунчев и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.

Бутел Скопје одигра две пријателски средби против Вардар изминатиот период, а в сабота ќе тестира против тимот на Врање.