Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција.
Стратегот Горан Кузманоски ја имаше прозивката, на која беа присутни двете нови засилувања – левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и пивотот Матеј Марковски.
Ѓурмешевиќ доаѓа од редовите на „витамините“ од Автокоманда и е младински репрезентативец на Македонија, додека Марковски досега ги бранеше боите на Аеродром.
Бутел Скопје во пролетниот дел од сезоната нема да смета на триото Филип Николов, Рио Козакаи и Давид Гришикашвили.
Кузманоски со еден од најмладите состави во лигата е на чекор до пласман во разигрувањето за титулата.


























