Бутел Скопје се засили со среден бек – потпиша Киселовски

Тимот на Бутел Скопје во претстојната сезона ќе биде посилен и за организаторот на играта, Леонид Киселовски.

Киселовски има 21 година (180/81) и доаѓа од тимот на Скопје, каде што настапуваше последните четири сезони.

Кариерата ја започна во тимот на Аеродром, а беше дел и од младинските категории на Пролет и Вардар.

„Ме привлече ростерот со млади перспективни играчи и систем на работа кој се залага за нивен напредок. Амбициозен клуб кој има високи цели како настап во плеј-офот и излез во Европа“, изјави Киселовски.

Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски, Хусеин Валид Кадах и Тодор Узунчев и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.