Тимот на Бутел Скопје пред крајот на преодниот рок донесе во своите редови уште еден млад македонски ракометар.
Станува збор за кадетскиот репрезентативец Давид Јаневски, кој настапува на средната бековска позиција и доаѓа од Мулти Есенс.
Минатата сезона беше дел од завршниот турнир на кадетскиот шампионат на Македонија и беше прогласен за најдобар среден бек.
Јаневски ќе биде опција плус за тренерот Горан Кузманоски и во младинските категории и во првата екипа.
Средниот бек претходно има настапувано во младинските категории на Алушовски, Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда.