Бутел Скопје се засили со јапонски репрезентативец!

Младинскиот репрезентативец на Јапонија, Рио Козакаи, е најновото засилување за тимот на Бутел Скопје.

Козакаи има 21 година, а доаѓа од составот на Цукуба од Јапонија и за него ова ќе биде прво искуство надвор од татковината.

Настапува на левата бековска позиција, игра во двата правца, а со Бутел Скопје се обврза на договор од една сезона.

Тој ќе дебитира на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, иако на екипата на Горан Кузманоски и се приклучи неодамна.