Бутел пред портите на второто коло – слободен влез за дуелот со Дуделанж

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува реванш средбата од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп против тимот на Дуделанж од Луксембург.

Натпреварот ќе се одигра в сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот, а влезот за сите љубители на ракометот ќе биде слободен.

Поддршката за момците на Горан Кузманоски, кои славеа со 31-27 на првата средба, ќе биде повеќе од добредојдена во битката за нов триумф.

Тоа ќе значи пласман на Бутел Скопје во второто коло и нови европски бодови за македонскиот ракомет.

Натпреварот што бутелци требаше да го играат викендов во Супер лигата против Радовиш, поради нивните евро обврски, ќе се одигра в среда на 17 септември од 19:00 часот во салата „25 Мај“.