Бутел лесно ја освои Струга

Тимот на Бутел Скопје се најде на чекор до пласман во плеј-офот, откако славеше на гостувањето кај Струга со убедливи 35-24. Со новите бодови, Бутел сега има вкупно 20 бодови на петтото место, додека стружани остануваат претпоследни со шест.

Избраниците на Горан Кузманоски уште по првите триесетина минути го обезбедија триумфот, откако водеа со 20-9, a претходно ја имаа највисоката предност од 12 гола. Неизвесноста траеше само пет минути и потоа се беше во знакот на гостите.

Во второто полувреме двајцата тренери им дадоа шанса на сите ракометари што ги имаа на располагање, но немаше резултатски возбдувања на теренот, туку само се броеја погодоците во двете мрежи.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Димитар Узунчев со девет и Дејан Михајловиќ со седум погодоци, додека кај Струга, седум пати беше прецизен Наум Костов.

Во следното коло Струга гостува кај Пролет, додека Бутел Скопје ќе го пречека Вардар.