Бутел ќе му биде домаќин на Еурофарм Пелистер на 4 септември

Првиот официјален меч во новата сезона во машката Супер лига ќе го одиграат Бутел и Еурофарм Пелистер, на 4 септември во Бутел. Двата тима се договорија својот меч планиран за викендот, да го играат во четврток. Така и двата тима ќе имаат време за подготовка за своие следни мечеви.

Бутел веќе на 5 септември патува за Луксмебург каде игра меч од Купот на ЕХФ, па потоа би имал цела недела за подготовка, со оглед на тоа што нема да мора да го играат дуелот со битолчани.

Еурофарм Пелистер на 10 септември се домаќини на Загреб во првиот меч од новата сезона во лигата на шампионите.

Новата сезона во првенството на Македонија е планирано за првиот викенд во септември.
Во првото коло се среќават:
Прилеп – Еурофарм Пелистер 2
Куманово – Радовиш
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер
Пролет – Тиквеш
Алкалоид – Охрид
Струга – Вардар