Бутел ја продолжи традицијата – осмипат во осум обиди меѓу македонската елита

Последната екипа што го обезбеди своето место во суперлигашкиот плеј-оф е екипата на Бутел Скопје.

Откако овој тим влезе во елитната конкуренција во сезоната 2018/19, секоја сезона е дел од разигрувањето за титулата, а така ќе биде и овaa сезона, што е уште еден доказ за одличната работа на раководството и на стручниот штаб. Претходно во 2017 година клубот без пораз во Првата лига влезе во елитната конкуренција.

Бутел Скопје и натаму функционира со македонски концепт, давајќи им шанса на многу млади домашни ракометари, а тренерот Горан Кузманоски ја има најмладата екипа меѓу шесте во плеј-офот. Меѓу ракометарите има и кадетски и младински репрезентативци на Македонија, што е уште еден доказ за тоа како се работи во клубот.

За разлика од останатите пет тима, Бутел Скопје нема ниту еден странец во ростерот, па иако е јасно дека нема да може да се вмеша во битката за титулата, сепак со пласманот во плеј-офот беше остварена првичната цел, а во претстојните десет натпревари со најдобрите, младите ракометари ќе стекнат уште поголемо искуство.

Плеј-офот ќе стартува наредниот викенд, а распоредот ќе биде познат по ждрепката во текот на утрешниот ден.