Бутел им се заблагодари нa петмина ракометари

Пред последниот меч на сезоната РК Бутел им се заблагодари на петмина ракометари кои досега го носеа дресот на еден од најмладит етимови во Скопје.

Им посака многу среќа во иднина, и им подари благодарници за сеќавање на деновите поминати во клубот.

Следната сезона Антонио Николовски, Драган Шољиќ, Кристјан Давитковски, Христијан Милошески и Бојан Блажески ќе имаа друга клупска средина, но секако ќе останат во клубската книга.

Бутел ја оствари целта да биде дел од плејофот, и во следната сезона влегува со иста амбиција да биде дел од најдобрите кога ќе се разигрува за титулата.