Бутел и Тиквеш се четири чекори пред Пролет и Прилеп

Минатиот викенд стартуваше пролетниот дел од сезоната во Супер лигата, а се одиграа шест меча од 17 коло во кои имаше очекуван расплет на настаните.

Покрај очекуваните победи на фаворитите, сега станува јасно дека покрај водечката четворка, тимовите на Бутел Скопје и Тиквеш се само на чекор до обезбедување на местото во плеј-офот.

Нивните најголеми конкуренти, Пролет и Прилеп сега заостануваат по четири бодови на седмото и осмото место, но до крајот на регуларниот дел остануваат уште по пет кола, а тоа значи дека во игра се уште десет бодови.

Бутел Скопје и Тиквеш играат меѓусебе во следното коло и една екипа ќе може да направи поголема залиха.

Пролет мора да слави кај Куманово да остане во трката, додека Прилеп има тешка задача на гостувањето кај Вардар. Како и да е не очекуваат интересни и возбудливи натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Супер лига, 17 коло, резултати:

Пролет – Вардар 29-34
Тиквеш – Радовиш 32-26
Прилеп – Бутел Скопје 28-33
Струга – Алкалоид 14-38
Борец ФЛ – Охрид 29-35
Еурофарм Пелистер – Куманово 46-26

Супер лига, 18 коло, распоред:

Вардар – Прилеп
Бутел Скопје – Тиквеш
Радовиш – Струга
Алкалоид – Борец ФЛ
Охрид – Еурофарм Пелистер
Куманово – Пролет

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186