Тимот на Бутел Скопје ќе добие искусен голман меѓу стативите. Според информациите на 24Ракомет, Благојче Трајкоски се наоѓа пред потпис со суперлигашот, а трансферот треба да биде официјализиран наскоро.
Трајкоски има 38 години, многу настапи на домашно и меѓународно ниво, а беше дел и од македонската репрезентација на СП 2017 во Франција.
Прилепчанецот ќе биде замена за Бојан Блажески и ќе формира одлично и искусно дуо со Александар Стојаноски.
Трајкоски потекнува од Прилеп, бранеше во Куманово и Радовиш, потоа две сезони во МАКС Струмица, па две во Охрид, пред да се пресели во Битола, каде четири сезони беше на голот на Еурофарм Пелистер.
Од 2022 година бранеше во Автокоманда, но последната сезона не беше во преден план. Бутел претходно ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, а се раздели со Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски.