По раната елиминација од ЕХФ Европскиот Куп, тимот на Бутел Скопје се посвети само на домашните обврски и по убедливиот триумф над Радовиш, запиша убедлива победа и над Прилеп со 35-30.
Победникот беше познат уште по првото полувреме кога избраниците на Горан Кузманоски имаа шест гола позитива, 18-12. Уште на стартот на мечот, домаќините покажаа кој е кој на теренот и во продолжение немаа големи проблеми.
Прилепчани со некои индивидуални потези покажуваа знаци на живот, но тоа беше премалку да се запре разиграниот Бутел предводен од голманот Трајкоски, бековите Узунчев и Николов…
Кога бутелци отидоа на плус девет, 23-14, веќе немаше дилеми за исходот и единствената непозната беше само разликата со која ќе победи домашниот тим. Најдобри стрелци со по шест гола кај победникот беа Димитар Узунчев и Филип Николов со по шест гола, а вториот во финишот доби црвен картон поради три исклучвуања. Во составот на Прилеп се истакнаа Шабановиќ со девет и Квастек со шест погодоци.
Во следното коло Бутел Скопје оди на гостински терен кај Куманово, додека Прилеп ќе игра на домашен терен со Пролет.