Тимот на Радовиш ја запиша втората победа во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако го победи Партизан Гевгелија со неверојатни 56-36!
Во натпревар без одбрани, дури четворица ракометари од двата тима постигнаа десет или повеќе погодоци, а вкупно пет гола беа од пенал додека сите други од игра.
Само во првото полувреме паднаа 49 погодоци, 25-24, а радовишани ја направија клучната предност на стартот на вториот дел кога поведоа со 28-24 и до крајот само ја зголемуваа разликата до конечните 20 плус.
Во победничкиот состав, Зоран Стојановски и Иванче Ончев имаа по десет гола, додека осум пати погоди Филип Костадинов.
Кај Партизан Гевгелија, Васил Зајков даде 14 погодоци, додека десет пати погоди Ѓорѓе Банцалиски.
Во следното коло, Радовиш е слободен, додека Партизан ќе го пречека составот на Овче Поле.