Бугариновиќ: Знаеме се за Скопје, ништо друго освен победа не доаѓа во предвид

Екипата на Струга во рамки од 4. коло во Супер лигата ќе игра против тимот на Скопје.

Стружани во претходното коло беа поразени на гостувањето во Кавадарци од Тиквеш, на стартот загубија во езерското дерби од Охрид, додека во дуелот со Куманово ги освоија бодовите.

Еден од најдобрите стрелци во Струга, средниот бек Петар Бугариновиќ, даде свое видување за досега прикажаното и вели дека неговиот тим ги знае сите предности и недостатоци на Скопје.

,,Единственото добро во овие два порази е што се од тимови кои се подобри од нас со буџетот и ростерот што го имаат. Сè уште влегуваме во ритамот на нашата игра, сè уште не сме целосно воиграни како екипа и тоа се гледа по лошото отворање на сите три натпревари. Што се однесува до мечот со Скопје, ништо друго освен победа не доаѓа во предвид. Со Скопје игравме на турнирот во Прилеп, тоа не е некое мерило секако, но мислам дека знаеме сѐ што треба за нив”, изјави Бугариновиќ.

Искусниот интернационалец смета дека Струга има квалитет за пласман во плеј-оф фазата, односно би се борела за 4. позиција на табелата.

,,Мислам дека најголема и најинтересна борба ќе има за 4. позиција во групата и според мене во плеј-офот ќе има место или за нас или пак за Еурофарм Пелистер 2, па мислам дека тој двомеч со младите битолчани ќе биде одлучувачки за цела полусезона. Секако, доколку нема изненадувања со екипите кои треба да бидат во плеј-аутот од нашата група”, заврши Бугариновиќ.

Дуелот меѓу Струга и Скопје ќе се одигра во сабота (30 септември) со почеток од 14:30 часот во спортската сала при СОУ „Нико Нестор“.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613