Според пишувањата на „Побједа“, црногорскиот првак Будуќност нема да игра во новата сезона од Лигата на шампионите, па сега ЕХФ е на потег.
Европската куќа на ракометот веќе ги објави листите за другите европски купови, па оние екипи што не добија место во ЛШ, ќе бидат во Лигата на Европа, а како и дали е можно да се прават претумбации во последен момент, бидејќи ждрепката е веќе во вторник за другите купови, ќе се знае наскоро.
Според црногорскиот медиум, 500.000 евра колку што ќе го помага Општината Подгорица, не е ниту третина од потребниот буџет за настап претстојната сезона. Затоа многу веројатно дека раководоството ќе им даде одврзани раце на сите ракометарки од сениорскиот погон во потрагата по нова средина.
Комплетен распад не би требало да има, па со младинки Будуќност би можел да настапува во домашниот шапионат. Црногорските колеги се потрудиле да добијат директен одговор од клубот, но од таму „мртва тишина“…
Една од ракометарките што требаше да дојде во Будуќност, Валерија Кирдашева, веќе најде нов ангажман во Глорија Бистрица од Романија, а таму замина и пивотот Николина Вукчевиќ. Се шпекулира дека и тренерот Бојана Поповиќ би можела да се пресели во истиот тим…