Општина Подгорица ќе ги преземе основачките права над црногорскиот шампион Будуќност, а оваа одлука претставува спас за еден од најтрофејните тимови во регионот кој беше пред згаснување.
На седницата на Општината со гласовите на скоро сите присутни, се усвои наведената одлука и создадени се услови за Будуќност да продолжи да функционира.
Буџетот кој е спремна Општината да го одвои за клубот е 500.000 евра, но клубот е во големи долгови, кои достигнуваат до 400.000 евра, па нејасно е како ќе опстои сезонава со 100.000 евра ако не се најдат други спонзори.
Европската ракометна федерација го објави распоредот за новата сезона во Лигата на шампионите, натпреварите на Будуќност веќе се закажани, но сепак ќе треба дополнително да се потврди дали клбот ќе биде дел од елитното натпреварување.
Сепак најважното е дека Будуќност нема да згасне и да го следи патот на многу европски великани.